Oсмата седница на Советот на општина Охрид Прекината

0
211

Сите предмети за легализации се согласно Законот за бесправно изградени објекти и Планот за управување на Охридскиот регион.За сите предмети кои што се во Национален парк има позитивно мислење и од Националниот парк и од Министерство за животна средина, кои што се нормално во прилог на предметите. Од страна на комисиите констатирани се на лице место бесправно изградени објекти, и по извршен преглед од страна на архитектите утврдено е дека истите се надвор од зоната 50 метри, така што уште еднаш ќе кажам оние предмети кои што се доставуваат до советниците се согласно законот и согласно планот за управување со културното и природно наследство на Охридскиот регион, истакна Китески.