Wednesday, October 5, 2022
Google search engine
HomeЖИВОТФирмата на Нефи Усеини ќе го гради 400 киловолтниот далновод од Битола...

Фирмата на Нефи Усеини ќе го гради 400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница

Бизнисменот и поранешен советник од ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, за кого имаше обвинение за насилство, но, познат и по својата дивоградба кај Чинарот, денеска застана рамо до рамо со владините претставници и останатите гости кои присуствуваа на почетокот на изградба на новиот далновод во Битола, објави Телевизија Телма.

Како што пишува новинарката Емилија Мисирлиевска, со камионот за малтер на фирмата „НЕФИ ИК“ сопственост на Усеини, се удри камен темелникот, а премиерот Ковачевски го стисна копчето од каде потече бетон. Фирмата на Усеини е подизведувач на сараевската компанија „Енергоинвест“ која ќе го гради 400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница, со кој ќе се поврзат електро-преносните системи на Македонија и Албанија, а е клучна алка во транзитот на електричната енергија од Бугарија, преку Македонија, низ Албанија, до Италија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

извор и фото: Телевизија Телма.

RELATED ARTICLES
- Advertisment -
Google search engine

Most Popular

Recent Comments