Wednesday, October 5, 2022
Google search engine
HomeМАКЕДОНИЈАЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.

– Со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и личен развој Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите. Овој значаен празник е уште еден показател дека толеранцијата и почитувањето на различностите се основа за градење на соживот и заеднички напредок.

Со својата традиција и уникатните културни специфики, Ромите се важен дел од мултиетничкиот мозаик на нашата татковина и даваат несебичен придонес во сите сфери на општественото живеење.

Посакувам и во иднина посветно да продолжиме да градиме силни пријателства и да се избориме за еднакви прави и интеграција за сите заедници. Само заедно и сплотени можеме да го направиме Охрид поубаво место за живеење со кое ќе се гордеат идните генерации.

RELATED ARTICLES
- Advertisment -
Google search engine

Most Popular

Recent Comments