Sunday, December 4, 2022
Google search engine
HomeМАКЕДОНИЈАДали Ковачевски ќе се согласи бугарските уцени да станат европски услови?

Дали Ковачевски ќе се согласи бугарските уцени да станат европски услови?

Молк од власта откако премиерот на Бугарија објави дека патот на Македонија кон ЕУ ќе трае најмалку десет години и оти дотогаш мора да се исполнат нивните барања. Ново вето во јуни сигурно ќе има а за поместување според бугарскиот речник ќе може да се говори кога Македонија ќе го исполни првиот услов а тоа е внесување на бугарското малцинство. Но, не е само тоа како што рече среде Македонија потпретседателката Илијана Јотова.

Граѓаните но и опозицијата со право се загрижени што се подготвува.Затоа од ВМРО-ДПМНЕ барааат Ковачевски да внимава што потпишува и оти интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување.

Оттаму велат дека бугарските барања и изјавите на Петков за поместување на ветото со услови кои како што вели не треба да се бараат наеднаш, се опасност дека Ковачевски е на пат да потпише или прифати рамка за асимилација на Македонците.

Ковачевски уште не се изјаснил ниту за клубот Ванчо Михајлов и фашистичките тенденции, тој немаше ниту да реагира на негацијата на Македонците да не беше преголемиот јавен и медиумски револт.Тој со преговорите се однесува како да не е од овде, па чека првин дали одредена работа ќе наиде на критика на јавноста, за потоа тој да ја осуди или пофали-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа е неопходно Ковачевски веднаш да побара писмени гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет, јазик и историја.

Извор Република.мк

RELATED ARTICLES
- Advertisment -
Google search engine

Most Popular

Recent Comments