Wednesday, October 5, 2022
Google search engine
HomeЖИВОТОдбележана 117 години од јуначката смрт на војводата Христо Узунов

Одбележана 117 години од јуначката смрт на војводата Христо Узунов

На 24 април во 1905 година во селото Цер, во борба против турскиот аскер загина охридскиот војвода Христо Узунов.

Борбата во село Цер меѓу Узуновата чета и одредите од Крушево и Прибилци започнала утрината на 24 април. Борејќи се до претпоследниот куршум, Христо Узунов со своите другари последните куршуми ги истрелале во себе си, несакајќи живи да се предадат на османлиските власти.

За херојската борба, по стивнувањето на пукотниците, аксерот против кого се бореле, над мртвите тела на јунаците истрелал почесен плотун.

Сведок на сликата од овој настан бил Италијанецот Еторе Лоди кој запишал:

„На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. Труповите на 11 млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв… Ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедива“!

Христо Узунов е еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година.

Извор Охрид24.мк

RELATED ARTICLES
- Advertisment -
Google search engine

Most Popular

Recent Comments