Wednesday, October 5, 2022
Google search engine
HomeМАКЕДОНИЈАСајкоски: Потребни се брзи избори за излез од кризите, ги повикам граѓаните...

Сајкоски: Потребни се брзи избори за излез од кризите, ги повикам граѓаните да ни се придружат на протестот на 18 јуни, да ја поразиме оваа корумпирана власт

Општина Брвеница и градоначалникот Јовица Илиевски се добар пример како треба да се работи и да си посветен на граѓаните на својата општина, но и добар пример за централната власт како се работи и да се огледа на добрите примери на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски при денешната посета на општина Брвеница.

Тој посочи дека Во општина Брвеница се реализирани 4 улици и се направени проекти за 7 улици кои следниов период преку аплицирање на фондови ќе бидат реализирани.

– Во тек и фаза на реализација се и атмосферска и фекална канализација. Исто така се работи на комплетна реконструкција на спортската сала и на стадионот и на три парка, рече Сајкоски.

То посочи дека Во Македонија во моментов има економска и енергетска криза, 90.000 работници кои не си ја земале заслужената плата, а пола милиони граѓани кои живеат со 150 денари и затоа ги повика граѓаните да се придружат на протестите да се порази оваа власт.

Затоа ние повикуваме дека е потребно брзо да има избори и сите граѓани да присуствуваат на протестите кои ќе ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Народот мора да ја казни оваа власт и да даде силна поддршка на протестот на 18 јуни. Народот мора да ја порази корумпираната власт, потенцираше Сајкоски.

RELATED ARTICLES
- Advertisment -
Google search engine

Most Popular

Recent Comments