Wednesday, October 5, 2022
Google search engine
HomeОХРИДСЕ ОДРЖА 23. ИЗДАНИЕ НА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „РАСПЕАНО РИБАРЧЕ“

СЕ ОДРЖА 23. ИЗДАНИЕ НА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „РАСПЕАНО РИБАРЧЕ“

Вкупно 13 нови детски музички композиции беа изведени на 23. издание на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ кој се одржа вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во името на локалната самоуправа која е покровител на настанот, се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Ана Крстеска.

– Голема радост за сите нас е овој прекрасен и распеан ден. Мило ни е што по двегодишна пауза во Охрид повторно одѕвонува веселата детска песна, која ни носи милина во душата и ги топли нашите срца.

На ова 23 издание на единствениот детски фестивал во нашиот град „Распеано рибарче“ ќе бидат отпеани нови 13 рефрени со кои ќе патуваме во волшебниот свет на децата, исполнет со љубов и убавина.

Во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков упатувам срдечни честитки до органзаторите на фестивалот со надеж дека ќе продолжат неуморно да ја развиват детската музичка култура и преку ваков вид на забава да им пренесуваат едукативни пораки на најмладите.

На сите учесници им посакувам многу успеси, со желба да продолжат да ги развиваат и да ги покажуваат своите музички таленти!

На Вас драга публико Ви посакувам да уживате во оваа забава и да бидете многу здрави и среќни. Како што распеаното рибарче денеска лови музички ноти, Вие постојано да ловите безброј насмевки!

Вашите насмевки ни даваат сила, тие се нашето непроценливо богатство и највредното нешто на овој свет. Имајте безгрижно детство исполнето со другарување и игри. Нека секој ден Ви биде поубав од претходниот, рече Крстеска во своето обраќање.

RELATED ARTICLES
- Advertisment -
Google search engine

Most Popular

Recent Comments