Wednesday, October 5, 2022
Google search engine
HomeОХРИДНОВ ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

НОВ ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

Поради градежни активности за реконструкција од утре 01.06.2022 година (среда) ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај на улица „Македонски Просветители“ во Охрид.

Делот од улицата „Македонски Просветители“ од пресекот со улица „Даме Груев“ до пресекот со улица „Партизанска“ ќе биде затворен за секаков вид сообраќај и истиот ќе се пренасочува по споредните улици.

Исто така, дел од улицата „Димитар Влахов“ од пресекот со новопроектираната улица кај поранешниот влез за старата автобуска станица, до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде целосно затворен за секаков вид сообраќај.

На дел од улицата „Партизанска“ од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со улица „Кузман Јосифоски Питу“ ќе се воспостави режим на сообраќај во двете насоки и на овој дел се забранува запирање и паркирање.

Се молат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот режим на сообраќај.

RELATED ARTICLES
- Advertisment -
Google search engine

Most Popular

Recent Comments